Здружение на граѓани „Виктор Илиоски“

Здружение на граѓани „Виктор Илиоски“ – Демир Хисар е организација формирана од 5 (пет) основачи во чест на нашиот син, брат, внук, пријател и другар Виктор Илиоски кој што ненадејно не напушти на 7 Јули 2020 год. Виктор беше роден во Демир Хисар на 19 Април 1998 год. Неговото детство го поминува во родниот град каде што и го завршува основното образование. Потоа се запишува во средното економско училиште во Битола каде ги изучува основите на економијата и маркетингот. Неговото високо образование го продолжува во Скопје на економскиот факултет, насока Маркетинг и менаџмент. За жал неговото високо образование не успева да го заврши бидејќи во третата година од студиите ненадејно настанува неговата смрт.

Виктор беше вредно, мило и љубезно момче кое остави траг секаде каде што помина. Нема човек кој барем еднаш не испил кафе со него, а да не му се вреже во срцето. Живееше за себе, живееше за семејството но неговите другари имаа посебно место во неговиот живот.

Секое лето во последните 4 (четири) години од неговиот живот го поминуваше работно во повеќе места, но она што често умееше да го каже е тоа дека неговиот живот во Хрватска е премногу убав. После првата година стекнува многу пријатели во Умаг, Хрватска каде ги поминува трите месеци сезонска работа во бар на плажа, па така одлучува и покрај тешката ситуација со COVID-19 вирусот и рестрикциите на државите во 2020год. повторно да отиде и да го помине и тоа лето во неговото омилено место. На 23 Јуни 2020год. ја напушта Р.Македонија и се упатува во Р.Хрватска каде планот е да ја одработи летната сезона во истиот бар како во 2019год незнаејќи ја судбината и што го очекува таму. На 29 Јуни 2020год ги има последните повици до сите кои му значеа во животот раскажувајќи им како му е убаво и како живее во Хрватска. Беше радосен затоа што успеа и покрај сите потешкотии со COVID-19 рестрикциите да стигне до посакуваната цел. На 30 Јуни 2020год во 06ч утрото неговите колеги и цимери го пронашле како немоќен лежи во WC. Повикале брза помош и веднаш го пренеле во Општа Болница Пула. Примен е во болницата во животна опасност и ставен веднаш во индуцирана кома се до 7 Јули 2020год кога во 14:30ч докторите прогласуваат мозочна смрт на Виктор.

Одлуката за формирање на здружение на граѓани е поттикната од неговиот брат Христиан Илиоски кој заедно со 4 (четворица) другари од Виктор Илиоски ја донесуваат одлуката за формирање на здружението со една цел, а тоа е организирање на хуманитарни и спортски активности кои гордо ќе го носат името на Виктор. Само на овој начин нашиот Виктор ќе остане да живее во секој од нас!

Цели на здружението

  • Организирање на меморијален турнир во мал фудбал (еднаш годишно).
  • Организирање хуманитарни и крводарителски акции.
  • Организирање на хуманитарни акции за помош на ранливите категории на граѓани.

1 +

Вкупно настани

1 +

Вкупно хуманитарни акции

0 +

Вкупно крводарителски акции

20 +

Вкупно ангажирани лица

Претседател на ЗГ „Виктор Илиоски“

Христиан Илиоски

Христиан Илиоски – софтверски инженер и претседател на Здружение на граѓани „Виктор Илиоски“ – Демир Хисар. Брат на Виктор и основач на идејата за формирање на здружение кое годо ќе го носи името на Виктор. Работи на организација на настани, креирање на временски рамки и агенди за настаните и обезбедување на простор за одржување на настаните. Исто така, Христиан организира состаноци со спонзори кои ги поддржуваат настаните оргранизирани од здружението.

Се додека моево срце чука и ти ќе живееш во него … БАТЕЦ … мој!