МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР

„ВИКТОР ИЛИОСКИ“

 

ПРАВИЛНИК

за настап на меморијалниот турнир во мал фудбал

„Виктор Илиоски“

 

  1. Екипа може да пријави максимум 10 играчи.
    – Еден играч не може да игра за екипа доколку претходно не е пријавен на списокот или веќе играл за друга екипа на овој турнир. Доколку се случи такво нешто се санкционира целата екипа со дисквалификација.

  1. Распоредот на натпревари, може да претрпува измени.

  2. Во игра 5 (играчи) + 1 (голман)

  3. Се игра:
    – 2 х 15 минути (четвртфинални натпревари),
    – 2 х 20 минути (полуфинале, натпревар за трето место и финале)

  1. Топка од гол аут може да се уфрли во игра преку центар со поддавање на глава.

  2. Се игра по правилата на елиминациониот систем.

  3. Секоја екипа има право да побара едноминутен “time-out” по еднаш во секое полувреме. Едноминутен “time-out” може да се побара во било кое време на натпреварот, но се одобрува само кога екипата која побарала “time-out” е во посед на топката.

  4. После нерешен резултат се изведуваат пенали. 

  5. Доколку има изведување на пенали двете екипи запишуваат по три играчи за изведување на пеналите, а доколку резултатот е нерешен изведувањето го изведува било кој од играчите.

  6. После 5 акумулирани прекршоци за едно полувреме, за секој нареден фаул екипата се казнува со удар (пенал) од 10 метри.

  7. Вратена топка на голман (доколку ја фати со рака) се суди индиректен удар од 6 метри во правец од местото каде што е фатена топката кон линијата од 6 метри, а не се регистрира како фаул.

  8. Постои корнер од голман.

  9. Аут се изведува со топката на сама или зад линија во време траење од 5 секунди, а изведувачот на аут мора да е позади линијата со двете нозе.

  10. Голманот може да ја фрли топката преку половина од теренот само доколку ја фати во игра и истиот може да даде гол со рака.

  11. Жесток приговор на судија се казнува со 2 минути исклучување, навреда (пцовки, плукање, закани…) на судија се санкционира со црвен картон и дисквалификација на играчот од турнирот, а физички напад на судија се исклучува целата екупа од турнирот !!!

  12. Навреда на противнички играч или екипа (пцовки, плукање, закани…) се санкционира со црвен картон и суспензија од неиграње на еден натпревар, па се до дисквалификација до крајот на турнирот.

  13. Доколку некој (играч, спонзор, тренер…) добие исклучување од 2 минути или црвен картон се повлекува играч од игра во време траење од 2 минути.

  14. Секој намерен лизгачки старт се казнува со 2 минути.

  15. Два пати исклучување на ист играч по 2 минути на ист натпревар значи ЦРВЕН КАРТОН (следува пауза до наредниот натпревар) !!!

  16. Високо подигната нога (ЃОН) не се класифицира за прекршок и истиот не се запишува како ФАУЛ.

  17. Секој директен удар (игра со рака) се регистрира како фаул.

  18. Екипата која неоправдано нема да се појави на теренот за одигрување на натпреварот во закажаниот термин (ненајавено задоцнување повеќе од 30 мин) го губи натпреварот со службен резултат од 3:0.

  19. Вкупниот број на лица на резевната клупа од екипа која во моментот се натпреварува максимум може да изнесува две лица (тренер, спонзор) покрај бројот на играчите кој е претходно наведен.

ОВОЈ ТУРНИР Е ОД МЕМОРИЈАЛЕН КАРАКТЕР ВЕ МОЛИМЕ ДА ПОЧИТУВАМЕ ФЕР И КОРЕКТНА ИГРА.

Со почит, 

Од организациониот одбор на турнирот “Виктор Илиоски“