
МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР
„ВИКТОР ИЛИОСКИ“
ПРАВИЛНИК
за настап на меморијалниот турнир во мал фудбал
„Виктор Илиоски“
-
Екипа може да пријави максимум 10 играчи.
– Еден играч не може да игра за екипа доколку претходно не е пријавен на списокот или веќе играл за друга екипа на овој турнир. Доколку се случи такво нешто се санкционира целата екипа со дисквалификација.
-
Распоредот на натпревари, може да претрпува измени.
-
Во игра 5 (играчи) + 1 (голман)
-
Се игра:
– 2 х 15 минути (четвртфинални натпревари),
– 2 х 20 минути (полуфинале, натпревар за трето место и финале)
-
Топка од гол аут може да се уфрли во игра преку центар со поддавање на глава.
-
Се игра по правилата на елиминациониот систем.
-
Секоја екипа има право да побара едноминутен “time-out” по еднаш во секое полувреме. Едноминутен “time-out” може да се побара во било кое време на натпреварот, но се одобрува само кога екипата која побарала “time-out” е во посед на топката.
-
После нерешен резултат се изведуваат пенали.
-
Доколку има изведување на пенали двете екипи запишуваат по три играчи за изведување на пеналите, а доколку резултатот е нерешен изведувањето го изведува било кој од играчите.
-
После 5 акумулирани прекршоци за едно полувреме, за секој нареден фаул екипата се казнува со удар (пенал) од 10 метри.
-
Вратена топка на голман (доколку ја фати со рака) се суди индиректен удар од 6 метри во правец од местото каде што е фатена топката кон линијата од 6 метри, а не се регистрира како фаул.
-
Постои корнер од голман.
-
Аут се изведува со топката на сама или зад линија во време траење од 5 секунди, а изведувачот на аут мора да е позади линијата со двете нозе.
-
Голманот може да ја фрли топката преку половина од теренот само доколку ја фати во игра и истиот може да даде гол со рака.
-
Жесток приговор на судија се казнува со 2 минути исклучување, навреда (пцовки, плукање, закани…) на судија се санкционира со црвен картон и дисквалификација на играчот од турнирот, а физички напад на судија се исклучува целата екупа од турнирот !!!
-
Навреда на противнички играч или екипа (пцовки, плукање, закани…) се санкционира со црвен картон и суспензија од неиграње на еден натпревар, па се до дисквалификација до крајот на турнирот.
-
Доколку некој (играч, спонзор, тренер…) добие исклучување од 2 минути или црвен картон се повлекува играч од игра во време траење од 2 минути.
-
Секој намерен лизгачки старт се казнува со 2 минути.
-
Два пати исклучување на ист играч по 2 минути на ист натпревар значи ЦРВЕН КАРТОН (следува пауза до наредниот натпревар) !!!
-
Високо подигната нога (ЃОН) не се класифицира за прекршок и истиот не се запишува како ФАУЛ.
-
Секој директен удар (игра со рака) се регистрира како фаул.
-
Екипата која неоправдано нема да се појави на теренот за одигрување на натпреварот во закажаниот термин (ненајавено задоцнување повеќе од 30 мин) го губи натпреварот со службен резултат од 3:0.
-
Вкупниот број на лица на резевната клупа од екипа која во моментот се натпреварува максимум може да изнесува две лица (тренер, спонзор) покрај бројот на играчите кој е претходно наведен.
ОВОЈ ТУРНИР Е ОД МЕМОРИЈАЛЕН КАРАКТЕР ВЕ МОЛИМЕ ДА ПОЧИТУВАМЕ ФЕР И КОРЕКТНА ИГРА.
Со почит,
Од организациониот одбор на турнирот “Виктор Илиоски“